Гостивар се соочува со казна: На натпреварот против Локомотива настапувал фудбалер кој нема право да игра

Лидерот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), екипата на Гостивар, може да добие казна поради пропуст направен на натпреварот против Локомотива Пехчево во првото коло од пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ.

Гостиварци на теренот имале  играч кој немал право за настап. Гордијан Христовски кој пристигна од прволигашот Скопје во овој преоден рок, меѓутоа според правилникот немал право за настап. Имено, според ФИФА правилата, еден играч може да има три клуба во една сезона, а Христовски покрај што настапи за Гостивар, играше и за Скопје, Силекс и Тетекс во истата сезона.

Прекршокот на натпреварот против Локомотива Пехчево, може да ги чини гостиварчани службен пораз од 0-3, но и бодовна санкција.

Се вчитува...