Гостивар со трето зимско засилување – целта е влез во Првата лига

Гостивар имаше одличен прв дел од сезоната завршувајќи ја како зимски второлигашки шампион, а управата на овој клуб прави се за да создаде уште посилен играчки кадар за остварување на целта – влез во елитното друштво.

Во тој правец, денеска беше доведено и прволигашко засилување откако договор со гостиварци потпиша Гордијан Христовски од редовите на Скопје. Овој 19-годишен дефанзивец сезонава имаше шест прволигашки настапи за клубот од главниот град, но ја прифати понудата на Гостивар, клуб каде ќе остане и во наредната сезона.

Само за потсетување, Гостивар претходно го ангажираше и најдобриот фудбалер на Вардар, Симеон Христов, како и Рејан Абази од Локомотива.

Се вчитува...