Готово: Дембеле заминува од Барселона

Усман Дембеле до крајот на јануари ќе замине од Барселона, пренесува доборупатниот Фабрицио Романо. Францускиот репрезентативец пристигна на „Камп Ноу“ како огромно засилување, но никогаш не ги исполни очекувањата, а повеќе време помина рехабилитирајќи се од повреда отколку на теренот.

Потврда за заминувањето дададе и спортскиот директор Алемани кој вели дека на играчот му е соопштено дека ќе биде продаден до крајот на јануари.

„Јасно е дека Дембеле не сака да продолжи со Барселона. Тој не сака да биде дел од нашиот проект и му кажавме веднаш да си замине. Очекуваме Дембеле да биде продаден пред 31. јануари“, вели Алемани.

Се вчитува...