Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата во Лигата на шампионите откако вечерва во трилер финалето по изведување на пенали славеа над Арсенал со 4-3 откако по 120 минути беше 1-1.
Шокантен старт ни донесе финалниот натпревар откако Арсенал по само шест минути игра на „Ференц Пушкаш“ поведе со 1-0 откако прецизно стрелаше мајсторот за финални натпревари Каи Хаверц. Маркињос не успеа на најдобар можен начин да ја исфрли топката, таа се одби од Тросард, а Хаверц бравурозно на првата статива го матираше голманот на „светците“ Матвеј Сафонов.
До крајот на првиот дел актуелниот европски шампион имаше само една полушанса преку Фабијан Руиз во 43. минута кога со глава биеше над голот на Раја.
Во второто полувреме Арсенал одолеваше се до 62. минута кога голема глупост направи десниот бек на „топчиите“ Москера кој направи чист како солза пенал над грузискиот интернационалец, Квича Квараскелија. Пеналот сигурно го реализираше Усман Дембеле во 65. минута за 1-1.
Одличниот Грузиец повторно во прв план беше во 71. минута кога по еден соло продор ја погоди стативата на Раја. Светците имаа нова голема шанса во 89. минута, откако Витиња само центиметри го делеа од гол што ќе значеше и одбрана на титулата.
PSG [1] – 1 Arsenal – Ousmane Dembélé 65' (Penalty)
byu/ayoefico insoccer
Во продолженијата Мадуеке по еден дуел со Нуно Мендеш падна во шеснаесетникот на „светците“. Сите од Арсенал бараа пенал, но главниот судија на мечот, Германецот, Сиберт не ни помислуваше да досуди на белата точка.
Arsenal penalty shout against PSG 102'
byu/ayoefico insoccer
Мируваа мрежите, а мечот замина во рулет пеналите. Таму, во втората серија Еберечи Езе прв промаши во втората серија, но веднаш во трета не реализираше пенал и Нуно Мендеш па со голот на Рајс по три серии беше 3-3. Следуваа погодени пенали на Хакими и Мартинели. Во петата серија Бералдо беше прецизен за ПСЖ, додека Габриел го промаши цел гол за големо славје на Французите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
