Готово е: Марсело го напушта Реал по крајот на сезоната

Еден од најдобрите леви бекови во сите времиња, и моментално член на Реал Мадрид, Марсело, на крајот од сезоната го напушта таборот на „кралевите“. Има одиграно преку 500 професионални натпревари за Реал Мадрид, но во последно време не е во форма, па така разделбата е се поблиска.

Оваа сезона Марсело одиграл само два натпревари оваа сезона и по доаѓањето на Карло Анчелоти.

Тој го замени легендарниот Роберто Карлос во 2007 година од Флуминензе. Токму Флуминензе се споменува како негова следна дестинација, односно враќање во Бразил.

Се вчитува...