Готово е: Матуиди на лекарски прегледи во Јувентус

Јувентус конечно доведе нов играч за врска по желба на тренерот Масимилијано Алегри, откако челниците на италијанскиот првак ги договорија деталите од трансферот на Блес Матуиди од редовите на ПСЖ. „Старата дама“ и минатото лето се интересираше за истиот фудбалер, во овој преоден рок разговорите траеја повеќе од еден месец, за денеска конечно да биде постигнат целосен договор.

Францускиот вицешампион бараше 25 милиони евра, за на крајот да се согласи на сума од 20 милиони, плус уште три милиони преку две различни клаузули. Матуиди во текот на денешниот ден ќе пристигне во Торино за да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише тригодишен договор со „старата дама“ за плата од 3,5 милиони евра.

Доаѓањето на Матуиди не значи и откажување на Јувентус од Емре Џан, откако челниците на „старата дама“ најавија дека ќе испратат нова понуда за фудбалерот на Ливерпул. „Црвените“ планираат да почекаат уште максимум една седмица, па доколку Џан не потпише нов договор ќе ја прифатат понудата на Јувентус за германскиот интернационалец, за која се најавува дека ќе биде во висина од 35 милиони евра.

Се вчитува...