Град Битола и Еурофарм се договорија за иднината на РК Пелистер

Се е подготвено за целосен договор меѓу управата на РК Еурофарм Работник и Советот на Општина Битола, во преговорите за преземање на раководниот пакет акции од РК Пелистер од страна на „фармацевтите“. Ова денеска беше потврдено и од страна на претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.

„За „Еурофарм Работник“ прифатливи се заклучоците што беа донесени пред два дена на општинскиот Советот. За нив прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на „Еурофарм Работник“, а 25 проценти на Општината. Понатаму, приватниот субјект годишно да вложува 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Оваа сезона да се игра со сино-бели дресови, а в година да екипите да имаат и сино-бели и зелено-бели дресови. За понатамошно договарање останаа само одредени режиски трошоци околу Спортската сала. На денешната седница на Совет беа  изгласани точки на дневен ред поврзани со отпочнување на реконструкција на санитаријата која се наоѓа под јужната трибина и засилување на осветлувањето. Тоа се едни од условите во салата да може да се играат натпревари од СЕХА и Лигата на Шампионите“, рече Груевски за битолската ТВ Тера.

Се вчитува...