„Граѓаните“ го добија Бурнемаут и се искачија на второто место

Манчестер сити славеше на гостувањето против Бурнемаут со 0-2 и освои три значајни бода во трката по лидерот на табелата, Челси. Сега „граѓаните“ се второпласирани, со осум бода негатива во однос на „сините“ од Лондон.

Рахим Стерлинг во 29.минута го отвори резултатот на овој меч, а веднаш по ова возврати Бурнемаут, но погодокот беше неоправдано поништен поради офсајд позиција.

Во вториот дел, Тајрон Мингс во 69.минута ја уфрли топката во сопствената мрежа и го зголеми водството на Манчестер сити, што се покажа и како краен исход на дуелот.

Се вчитува...