Манчестер сити обезбеди пласман во осминафиналето на англискиот Лига куп каде ќе го очекува пресметка со тимот на Брајтон, кој го елиминира градскиот ривал на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“ рутински со 5:0 славеа против Норич.
Резултатот го отвори Самба во 29-та минута по асистенцијата на Алан.
Само три минути подоцна, контранападот на Сити со гол го круниса Черки.
На стартот од второто полувреме, Алан прво ја изработи целата одбрана на Норич и потоа погоди за 3:0. Последните два гола ги постигаа Самба и Рајан Мекаиду.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
