„Граѓаните“ се ептен трошаџии: Првиот клуб кој потрошил милијарда евра за трансфери

За првпат во историјата еден клуб инвестирал повеќе од една милијарда евра за трансфери. Тоа е англискиот првак Манчестер Сити. Ова само докажува дека сепак фудбалот е голем бизнис и дека најважни се инвестициите.

Според Фудбалската опсерваторија (CIES), раководството на „граѓаните“ на засилувања, отштети, компензации за трансфери потрошиле 1.014 милијарди евра. На второто место се наоѓа Пари Сен Жермен со 913 милиони евра, а трет според инвестициите во тимот е Реал Мадрид со 902 милиони евра.

Во Шпанија, разликата меѓу Реал Мадрид и новиот шпански прволигаш Мајорка, кој ова лето го ангажираше Александар Трајковски, е неверојатна. „Кралскиот клуб“ потрошил 148 пати повеќе за изградба на составот на Зинедин Зидан.
Во Бундес-лигата исто така има голема разлика, иако не толку драстичма. Баерн Минхен вложил 85 пати повеќе од Падерборн за својот тим. Во Италија најмногу инвестирал Јувентус, вкупно 719 милиони евра.

Се вчитува...