„Гранде Пандев“ за гранде триумф на Џенова

Прволигашот Џенова го обезбеди третиот триумф сезонава  откако на гостувањето во Верона во рамките од 15. коло од Серија А, славеше со минимални 1-0 благодарение на голот на нашиот Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација во 46. минута од првото полувреме го постигна својот првенец за оваа сезона во италијанското првенство, и му носи важни три бода на својот тим, кој игра се подобро под водство на новиот тренер Давиде Балардини.

Пандев беше на теренот се до 64. минута, по еден час игра се пресели на клупата на заслужен одмор, на негово место влезе Џанлука Лападула.

По 15 кола во Серија А, Џенова се наоѓа на 15. место со 13 освоени бодови, додека Верона останува на 9 бода и им се врати на негативните резултати по изненадувањето со Сасуоло ( победа од 2-0) минатото коло.

http://www.dailymotion.com/video/x6b2513#tab_embed

Се вчитува...