Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, директно се спротивстави на најавата на премиерот Антонио Конте дека можеби сезоната во Серија А и нема да биде завршена. Тој вели дека никогаш нема да потпише документ со кој би се завршила прекинатата сезона, затоа што тоа ќе значи и смрт за Калчото.
„Никогаш нема да потпишам такво нешто, тоа би била смртна пресуда за италијанскиот фудбал. Ако сезоната во Серија А биде прекината, ќе загубиме од 700 до 800 милиони евра. Ако продолжиме без навивачи, загубите ќе бидат 300 милиони евра, а ако има и навивачи на стадионите, загубите ќе бидат околу 150 милиони евра“, изјави Гравина.
Во Италија втор месец не се игра фудбал, а клубовите се уште немаат дозвола ниту да се вратат во тренинг-центрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА