Грчевски прозиваше во Бутел

Екипата на Бутел почна со тренинзи откако новиот тренер Кристијан Грчевски го означи стартот на подготовките за новата сезона. Скопскиот клуб во дебитантската сезона во елитното друштво се избори за историско учество во европските купови, што ќе биде само мотив повеќе за уште подобри резултати во новата сезона.

Грчевски на тренерската функција го наследи Игор Котевски, а според планот на подготовки предвидено е „бутелци“ веќе утре да заминат за Пехчево, каде ќе останат се до 4 август. Потоа се враќаат во Скопје и ќе продолжат да работат се до заминувањето на Струга, каде ќе настапат на струшкиот турнир од 14 до 17 август.

Нови имиња во таборот на Бутел во пресрет на новата сезона се Даскалоски, Шокоски и Димов, а во однос на ланскиот ростер во овој тим веќе ги нема Григорјев, Трајковски, Николов, Давидовиќ и Панченко.

Се вчитува...