Грчки репрезентативец потпиша за Пролет

Тинекс Пролет дополнително ги засили своите редови со ангажманот на Ѓуро Мујиќ, лев бек кој пристигнува од редовите на Олимпијакос. Мујиќ е актуелен репрезентативец на Грција, кој дебитираше за националната селекција на нашиот јужен сосед во јануари, на квалификациските дуели со Кипар и со Грузија.

Тој е роден во 1992 година во Нови Сад, но уште во раното детството со семејството се сели во Грција. Кариерата ја почнува во Диомидис Аргус, клуб каде настапува до 23-годишна возраст. Потоа се сели во германскиот третолигаш Аурих, од каде се пресели во Италија, во екипата на Гаети. Мујиќ реши да се врати назад во Грција и потпиша договор со Олимпијакос, последните две сезони го мина во таборот на „црвено-белите“ од Атина, за сега да му се приклучи на Тинекс Пролет.

Грчкиот репрезентативец има освоено две титули шампион на Грција и еден трофеј во Челинџ-купот со Диомидис, додека со Олимпијакос има по еден трофеј во грчкото првенство и еден во Купот на Грција.

Се вчитува...