Гризман ова лето се сели во Барселона?

Францускиот интернационалец Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид и ова лето ќе се пресели во Барселона. Вакви најави имаше и за минатиот преоден рок, но не се остварија, па затоа написите на шпанскиот медиум „El Larguero“ треба да се прифатат со доза на внимателност. Сепак, Гризман сака да замине и да освојува трофеи во кариерата, а најдоброто место за тоа е „Камп Ноу“.

Трансферот секако нема да се реализира до 1 јули, со оглед дека Гризман има клаузула во договорот според која отштетата од 200 милиони евра која е актуелна во овој момент, на првиот ден од месец јули се намалува на 120 милиони евра. Барселона секако ќе почека и се претпоставува дека потоа ќе ја активира отштетната клаузула, по што ќе може и да преговара со фудбалерот.

Според најавите, напаѓачот е подготвен дури и да заработува помала плата од сегашната во Атлетико Мадрид само да го облече дресот на Барселона.

Се вчитува...