Гризман уште во март потпишал за Барселона?

Францускиот интернационалец Антоан Гризман уште во текот на сезоната потпишал договор со Барселона. Тој во март се согласил за трансфер на „Камп Ноу“. Ова го тврди шпанското радио „Кадена Сер“ кое ги поседува и документите на кои ставил потпис напаѓачот на Атлетико Мадрид.

Сепак, трансферот на Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона треба официјално да биде реализиран по 1 јули, кога според клаузулата во договорот неговата отштета ќе се намали од 200 милиони евра на 120 мииони евра.

Атлетико Мадрид овој случај би можел да го пријави и на ФИФА, со оглед дека Французинот има актуелен договор со клубот до 2023 година и Барселона на нелегален начин остварила контакт со него и неговиот агент.

Се вчитува...