Грчкиот кошаркар Ник Калатес е нов кошаркар на Партизан, пренесува српски „Б92“, од каде тврдат дека останува само клубот официјално да го објави тоа.
Според информациите на српскиот портал, Ник Калатес е веќе регистриран во Кошаркарскиот сојуз на Србија, што значи дека работата е завршена и дека се чека само официјалното претставување.
Калатес не запиша ниту една минута во Евролигата оваа сезона, па беше јасно дека е време 36-годишникот да го напушти Монако. Сонародникот, тренер и селектор Василис Спанулис прво одлучи да не го води на Евробаскетот, каде што сакаше да се збогува со дресот со националниот амблем, а потоа му го одзеде и местото во клубот.
Целата ситуација околу искусниот плејмејкер му одговара и на Партизан, кој го гледа како замена за Карлик Џонс, кој ќе биде без него до февруари.
Калатес веќе соработуваше со Жељко Обрадовиќ во неговата кариера, кога беше тренер во Панатинаикос. Тој смени многу клубови, својот најголем белег го остави во Атина, а го носеше дресот и на Барселона, Фенербахче и Монако, чиј член е сè уште.
Исто така, играше во НБА за Мемфис во периодот меѓу 2013 и 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

