Грнчаров: Вардар во недела ќе слави шампионска круна!

Вардар во недела може и дефинитивно да слави нова шампионска титула. Со триумф над Македонија ЃП на домашен терен на националната арена „Филип Втори“, „вардарци“ и дефинитивно ќе ја заврши сезоната на првата позиција.

Во моментов Вардар има предност од 13 бодови пред Шкендија, и со триумф ќе ја задржи таа разлика на четири кола до крајот на шампионатот, со што и дефинитивно титулата ќе биде обезбдена.

Сосема очекувано, шампионско славје в недела посакуваат и играчите на Вардар…

„Нашата цел која што ја зацртавме уште на почетокот на сезоната, сега е на добар пат да биде остварена. Мислам дека со оваа предност која ја имаме титулата е веќе решена, но во недела сакаме и математички да ја обезбедиме. Посакуваме тоа да се случи што побрзо и дефинитивно да славиме. Се надеваме е дека тоа ќе биде во недела кога ќе ги освоиме трите бода со Македонија Ѓорче Петров и на крајот ќе ја славиме 11-тата шампионска титула. Мислам дека покажавме најмногу во целата сезона, најдобри сме, работевме напорно ова и сосема заслужено ќе дојдеме до шампионскиот пехар. Имавме мал пад во Купот кој што не успеавме да го освоиме. Сега останува да ја завршиме оваа сезона, потоа да се подготвуваме за настапите во Лигата на шампионите каде што сите посакуваме и очекуваме успешно лето и во Европа“ – вели капитенот Бобан Грнчаров за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...