Грција ќе ги продолжи натпреварите на Мундобаскетот 2023 во осминафиналната фаза откако во одлучувачкиот натпревар славеше против Нов Зеланд со пресврт, со 83-74.
Новозеланѓаните одлично го почнаа мечот, па на полувремето имаа и предност од 11 поени разлика, 43-32.
Сепак, Грците со квалитетно второ полувреме, искористувајќи ја и очајната игра на Нов Зеланд кој имаше неверојатни 15 загубени топки само во вториот дел, дојдоа до посакуваната победа од 83-74.
Папапетру со 27 поени и шест скока беше најдобар кај Грците, а Ларенцакис заврши со 20 поени.
Грците во осминафиналната фаза сега ќе играат во Групата Ј со САД, Литванија и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА