Гудмундсон: Многу ја почитуваме Македонија, но верувам дека ќе ја победиме…

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Исланд прокнижи нови планирани бодови на дуелот со Јапонија, па со победничка серија ќе влезе во утрешниот решавачки дуел со Македонија. Селекторот Гудмундур Гудмундсон имаше можност и да одмори дел од клучните играчи во одредени моменти од натпреварот, тоа е една од причините поради која мечот беше неизвесен до самиот крај, но Исланѓаните сепак на крајот покажаа искуство и квалитет за да стигнат до посакуваниот триумф.

„Не беше лесно со Јапонија, тоа е селекција што игра брз ракомет и што е водена од одличен тренер. Ова СП оди како што планиравме, првите две средби беа многу тешки за нас, потоа следеа две победи, па сега решавачки ќе биде дуелот со Македонија како што се очекуваше и пред почетокот на ова првенство. Можам да кажам дека многу ја почитувам Македонија, тоа е добра селекција со одличен тренер на клупата, но сепак верувам дека ние ќе се радуваме на крајот. Играме добар ракомет, цврсти сме во одбраната и очекувам добро издание и триумф на Исланд и на утрешниот решавачки натпревар“ – истакна Гудмундсон.

Се вчитува...