Ѓукиќ: Македонија има поголем рејтинг од Црна Гора, но …

Црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ со голем респект гледа на Македонија, но и очекува неговите избраници својата најдобра партија на претстојното Европско првенство да ја одиграат токму против нашиот национален тим на 15 јануари. Црногорските медиуми прогнозираат дека дуелот меѓу Македонија и Црна Гора ќе биде решавачки за третото место во групата кое води во следната фаза, а Ѓукиќ е свесен дека оваа средба ќе биде клучна за Црногорците.

Дури и да ги добиеме Германците ништо не ни значи, бидејќи со пораз од Македонија би биле елиминирани. Тоа е пресметката со директниот ривал на која најмногу ќе се фокусираме. Македонија има поголем рејтинг од Црна Гора, но ќе мора тоа да го потврди, на теренот не победува секогаш подобриот. Тие живеат во ракометна бајка, го имаат европскиот клупски првак, извонреден селектор, но и ние ќе имаме што да покажеме“ – изјави Ѓукиќ по денешниот прв тренинг на црногорскиот состав.

Се вчитува...