Никола Ѓуретановиќ, кој е единствен македонски претставник на Европското првенство што се одржува во Париз, постави нов личен рекорд на денешните квалификации на 200 метри слободно.
Никола ја мина делницата за време од 1:52,39, што е за 47 стотинки подобро остварување од неговиот претходен рекорд од 1:52,86.
Ова беше доволно за шесто место во својата трка и за вкупно 70. место на Ѓуретановиќ во конкуренција на 83 пливачи во оваа категорија.
Ѓуретановиќ ќе биде дел и од квалификациите на 400 метри слободно на ова европско првенство, дисциплина што е на програмата в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
