Ѓуроски ги менува клупските бои, наскоро конечна одлука

Стојан Ѓуроски прикажува добри игри во дресот на македонската репрезентација и ќе биде еден од адутите на селекторот Давитков во претстојниот претквалификациски циклус за СП 2019. Во меѓувреме, крилниот кошаркар ги финишира и разговорите за трансфер на клупски план, откако не успеа да најде заеднички јазик со челниците на МЗТ Скопје и најверојатно ќе го напушти актуелниот првак на Македонија.

„Ангажманот во нов клуб нема да претставува поголем проблем со оглед на неколкуте понуди што веќе ги имам добиено. Не брзам со одлуката, пред се бидејќи сум фокусиран сум на репрезентацијата и на претстојните натпревари што се пред нас, против Косово и Естонија“ – истакна Ѓуроски, откривајќи дека веќе добил понуди од македонски прволигаши, но и од екипи од странство.

Ѓуроски пристигна во МЗТ Скопје по почетокот на ланската сезона и беше дел од тимот што ја освои шестата титула во низа за клубот од Аеродром.

Се вчитува...