Ѓуроски одличен, Аликанте чекор поблиску до елитата

Стојан Ѓуроски и Аликанте направија подвиг пласирајќи се во полуфиналето од разигрувањето за влез во првата шпанска лига, откако во вечерашната мајсторка на гостински терен го совладаа тимот на Кастелјо со 70-78.

Аликанте на првото гостување загуби со 78-70, на вториот меч Ѓуроски и соиграчите возвратија со тримф на домашен терен од 71-66, за вечерва како гости да го совладаат незгодниот ривал со идентичен резултат како и на првиот дуел, но овојпат во нивна полза. Мечот беше решен во првото полувреме што Аликанте го доби со 22-40, предност што гостите ја претворија во конечен триумф.

Македонскиот репрезентативец беше одличен, го заврши натпреварот со 12 поени, 6 скокови и 2 асистенции, значаен придонес во големата победа и продолжување на сонот за влез во елитното друштво.

Се вчитува...