Јошко Гвардиол ја поздрави одлуката на управата на Манчестер сити да го именува Енцо Мареска за наследник на Пеп Гвардиола, откако извонредниот стратег реши да ги напушти „граѓаните“ по десет години минати на кормилото на овој тим.
Гвардиол се приклучи на подготовките на Сити и по неколку одработени тренинзи со Мареска го искажа своето мислење за новиот тренер.
„Нивото на тренинг е исклучително високо, Мареска неслучајно беше избран за нов тренер на Сити. Мислам дека има и квалитет, има и нови тактички замисли, на кои допрва ќе работиме. Подоцна ќе видиме како ќе играме, кои негови тактички замисли ќе бидат применувани за време на натпреваљрите, но не се сомневам дека Енцо Мареска е идеалниот кандидат за тренер на Сити. Тој е совршениот избор, но ќе биде потребно време. Да не заборавиме дека Сити десет години играше на еден начин, со еден тренер, сега ќе се сменат некои работи. Навивачите ќе треба да покажат трпение“, порача хрватскиот дефанзивец кој пред неколку дена потпиша нов договор со Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
