Гвардиола: Барселона може да го донесе било кој играч во светот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го искористи слободното време да „скокне“ до Барселона на одмор со своето семејство. Речиси целата негова фамилија живее во Барселона, и Пеп често дојде на одмор во овој град.

Шпанскиот тренер стигна во неделата и разговараше со Чави, кој е назначен за нов тренер на каталонскиот гигант.

Одамна се шпекулира дека Барса сака да го донесе Рахим Стерлинг во клубот, а на тоа Гвардиола имаше коментар:

„Искрено не знам ништо за Стерлинг во Барселона. Но, знам едно. Ако Барселона се интересира за некој наш играч, сигурно може да го донесе, затоа што секој играч сака да игра во тој клуб. Барселона има моќ да доведе било кој играч на светот“, рече Пеп.

Стерлинг досега одигра само 15 меча во сите натпреварувања, и постигна два гола и две асистенции.

Се вчитува...