Гвардиола е менаџер на годината во Премиер-лигата

Менаџерот на новиот премиерлигашки шампион, Манчестер  сити, Пеп Гвардиола е избран за најдобар тренер во најквалитениот англиски фудбалски ранг. Изборот го прави Асоцијацијата на менаџери во Премиер-лигата. Гвардиола го предводеше Сити до титулата до која екипата дојде со рекордни 100 бода постигнувајки при тоа 106 гола. Манчестер Сити загуби само 14 бода во текот на сезоната.

Сити го освои и Лига Купот победувајки го со 3-0 Арсенал во финалето на Вембли.

Пеп Гвардиола кој беше тренер и на Барселона и на Баерн Минхен, Манчестер Сити го презеде во 2016 година.

Се вчитува...