Гвардиола е сигурен: Чави е подготвен да биде тренер на Барселона

Пеп Гвардиола е последниот од бројните екс-фудбалери и тренери на Барселона што го поздрави доаѓањето на Чави Хернандез на клупата на каталонскиот гигант.

Гвардиола имаше можност да соработува со Чави и како соиграч, подоцна и како негов тренер, a за трофејниот стратег нема дилема дали поранешниот фудбалски генијалец е подготвен за предизвикот што го носи предводење на гигант како што е Барселона.

„За мене нема сомнеж, Чави е подготвен да биде тренер на Барселона. Знае што значи овој клуб, ги познава луѓето во него. За страста и за неговото фудбалско познавање нема никаква дилема. Не треба да се сомневате во него, Чави сега е поискусен тренер отколку што бев јас кога дојдов на чело на Барселона. Му посакувам многу среќа, се надевам дека ќе успее да ја врати Барса онаму каде што припаѓа“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...