Гвардиола: Фудбалот знае да биде многу суров

Пеп Гвардиола лудо го прославуваше голот на Рахим Стерлинг во 93. минута, за и тој како и сите домашни фудбалери и фанови на стадионот да остане „попарен“ кога судијата Чакир го поништи погодокот поради офсајд на Агуеро.

„Тешко е. Дадовме се од себе, постигнавме и петти гол, но беше поништен. Тоа е реалноста, фудбалот некогаш знае да биде и многу суров. Сторивме се што можевме, немавме среќа, честитки до Тотенхем за одличниот натпревар во кој сите можеа да уживаат“ – изјави Гвардиола.

Сити нема многу време за тагување бидејќи веќе в сабота продолжува да се бори за титулата во Премиер-лигата. Следен ривал, повторно Тотенхем во Манчестер.

„Во моментов треба добро да се наспиеме, да заборавиме на ова колку што е тоа можно, па од утре да почнеме со подготовки за тој дуел. Девет месеци се бориме за титулата во Премиер-лигата, се уште сме господари на сопствената судбина и ќе сториме се за да славиме, не само против Тотенхем, туку и на сите останати средби до крајот на сезонава“ – порача Пеп Гвардиола.

Се вчитува...