Се почести се шпекулациите околу заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити. Сепак, шпанскиот стратег ги демантираше овие информации велејќи дека е среќен во Манчестер.
„Јас сум неверојатно среќен тука. Воодушевен сум од Манчестер и се надевам дека можам да завршам добра работа сезонава, како би останал што повеќе години тука“, изјави Гвардиола.
Шпекуациите за негово заминување се зголемија по оставката на Бартомеу во Барселона и изјавата на кандидатот за нов претседател Виктор Фонт кој јавно изјави дека доколку биде избран за прв човек на клубот токму Гвардиола повторно ќе застане на чело на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА