Гвардиола го напушта Манчестер Сити, две имиња во игра за негов наследник

Манчестер Сити лошо ја отвори новата сезона. „Граѓаните“ во пет одиграни натпревари во Премиер-лигата освои само осум бода, но сопствениците на клубот од тоа многу повеќе ги загрижува заминувањето на Пеп.

Имено, на крајот на сезоната на Гвардиола му истекува договорот, а околу новиот уште не се почнати преговори, односно шпанскиот стратег се уште не одлучил што понатаму. Британските медиуми пишуваат дека се поизвесно е дека доаѓа крај на авантурата на Пеп во Англија, па наводно веќе бараат негов наследник.

Две имиња се во игра за наследник на Гвардиола, а се работи за Маурисио Покетино и Жулијан Нагелсман. Првиот во моментов е без работа откако на крајот на минатата година се раздели со Тотенхем, додека другиот завршува одлична работа во Лајпци.

Се вчитува...