Гвардиола го откри првото засилување на Барселона за новата сезона

Манчестер Сити денеска го освои трофејот во Лига купот откако во финалето славеше  над Тотенхем со 1-0. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола по мечот даде интересна изјава со која го најави првото засилување за Барселона за новата сезона.

„Ерик Гарсија е еден од моите најдраги фудбалери. Денеска не беше на клупа, бидејќи верувам дека ќе оди во Барселона“, изјави Гвардиола.

 

Се вчитува...