Гвардиола го седна Агуеро на клупа, Реал Мадрид и Интер на готовс

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, одлучи да го седне на клупата за резервни фудбалери аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро поради неговата слаба форма. Тој му даде шанса на новото засилување Габриел Хесус, а „граѓаните“ остварија убедлива победа на гости против Вест Хем. Но, другите европски гиганти веднаш се заинтересираа за новонастанатата ситуација околу Серхио Агуеро.

Европскиот првак Реал Мадрид и италијанскиот калчолигаш Интер се подготвени да го купат Серхио Агуеро во летниот преоден рок. Иако Аргентинецот има договор до 2020 година, сепак, би можел да побара и заминување од „Етихад“ доколку го загуби првотимскиот статус за малку подолг период. „Кралевите“ веќе подолго време се интересираат за ангажман на Агуеро, а на лето повторно ќе можат да купуваат откако ја отслужија казната што ја добија од ФИФА, забраната за трансфери.

Интер исто така е многу амбициозен, со оглед дека доби нова финансиска инјекција од Кина.

Се вчитува...