Гвардиола: Халанд како Меси… немојте да се шегувате со такви споредби

Ерлинг Халанд ги урива сите можни рекорди во својата дебитантска сезона во Премиер-лигата, но за Пеп Гвардиола нема дилема – Лео Меси останува најдобар фудбалер кого каталонскиот стратег го има тренирано.

Новинарите го прашаа Гвардиола за споредба меѓу норвешкиот голгетер и аргентинската суперѕвезда, а одговорот беше (не)очекуван.

„Меси или Халанд? Тоа не може да се спореди, впрочем, ниту еден фудбалер во светот не може да се спореди со Меси. Лео е комплетен фудбалер, најдобар што некогаш го имам видено. Визија на играта, додавања, конкурентност и желба за победа… тој нуди толку многу кога е на теренот. Ние работиме напорно со Ерлинг, тој одлично се развива и се надеваме дека со квалитетот што го поседува ќе се приближи на нивото на Меси, тоа би било одлично за Манчестер Сити како клуб“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...