Гвардиола каков што не сме го виделе – Освоената титулата во Англија ја прослави со пура и алкохол (ВИДЕО)

Манчестер Сити успеа да ја освои титулата шампион на Англија, а за десет дена овој клуб го очекува финалето во Лигата на шампионите. Гвардиола ја има една од најдобрите сезони во историјата на овој клуб бидејќи успеа да ги освои Премиер лигата и Лига купот, а за прв пат ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, а освојувањето на овој трофеј е цел повеќе од десет години.

Пеп Гвардиола заврши одлична работа со Манчестер Сити оваа сезона и го доближи клубот од Англија на чекор до освојување на својата прва титула во Лигата на шампионите во историјата.

Сити ќе игра против Челси во финалето на ова натпреварување на 29 мај на стадионот „Драгао“ во Порто, па сигурно е дека не чека уште еден спектакуларен натпревар. По освојвуањето на титулата во Премиер лигата, клубот организираше мала забава за играчите и стручниот штаб. Во центар на вниманието беше Гвардиола, кој ја освои англиската титула трипати во последните четири сезони со клубот од „Етихад“. Фановите беа во неверување од видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, а причината е што никогаш во вакво издание не сме го виделе Гвардиола толку опуштен и забавен. Еден од најдобрите менаџери решил со алкохол и пура да го прослави трофејот на својот клуб, па предизвика внимание кај јавноста.

Очигледно дека Гвардиола е во голема еуфорија, но и дека алкохолот се чини го стори своето за да го опушти што е можно повеќе. На видеото може да се види како Гвардиола ја пее песната „Don’t Look Back in Anger“ од групата Оазис, што е неофицијална химна на Манчестер Сити..

 

 

 

 

Се вчитува...