Гвардиола: Ќе бидеме уништени од јавноста ако ја загубиме титулата

Манчестер Сити му гостува на Брајтон во последното коло од Премиер-лигата, меч во кој доколку „граѓаните“ победат , ќе ја освојат титулата во англиското првенство. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека е нормално да добијат критики, доколку не успеат да стигнат до победа на мечот со Брајтон.

„Нормално е медиумите да не критикуваат ако не ја освоиме титулата, но јас нема да го променам мислењето за моите играчи. Видовме во Лигата на шампионите, ако испаднеш ќе бидеш уништен. Ситуацијата е идеална за нас, или ќе славиме, или ќе му честитаме на Ливерпул. Ако освоиме две титули по ред, тоа ќе биде нешо неверојатно, ако не, животот оди понатаму“, изјави Гвардиола. 

Во последното коло, Манчестер Сити влага со бод предност пред Ливерпул, кој својот последен натпревар во премиер-лигата го игра на домашен терен против Вулверхемптон. И двата натпревари на програмата се во недела во 16 часот.

Се вчитува...