Гвардиола: Не е мој проблем што мислевте дека ќе победиме 6-0

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола после натпреварот со Реал Мадрид го изнервира едно прашање од новинар на официјалната прес-конференција.

„Сите велеа дека Манчестер Сити ќе го „уништи“ Реал Мадрид“, беше реченицата која го натера Пеп Гвардиола да реагира неврозно и да даде одговор.

„Кои се тие сите? Дали знаете против кого игравме? Дали знаете колку титули во Лигата на шампионите ние имаме? Не е мој проблем што вие мислите дека ќе победиме со 6-0“, рече Гвардиола.

Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 1-1 во првиот полуфинален меч. Реал поведе со голот на Винисиус, а во вториот дел Де Брујне израмни. Потоа ќе се покаже дека топката го напуштила теренот при израмнувачкиот гол.

 

Се вчитува...