Гвардиола не му дозволи на Фоден да замине во Рома

Младиот и талентиран фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден ќе остане на „Етихад“ и во новата сезона. Тој доби понуда од италијанскиот калчолигаш Рома да се пресели во Италија на едногодишна позајмица, меѓутоа трансферот го стопираше менаџерот Пеп Гвардиола. Тој вели дека Фоден ќе му биде потребен во составот на „граѓаните“ иако младиот играч се соочува со огромна конкуренција.

„Тој е срамежливо момче надвор од теренот. Но, кога игра, тогаш е како ѕвер. Има само 19 години, но веќе е доволно искусен и ќе ни биде од голема корист. Имаше за него понуди и од Рома и од Глазгов Ренџерс, но сакаме да биде со нас бидејќи е одличен фудбалер“, изјави Пеп Гвардиола.

 

Се вчитува...