Гвардиола: Никогаш нема да се вратам во Барселона како тренер

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола нема никогаш веќе да седне на клупата на Барселона. Тој имаше фантастични резултати со каталонскиот тим, но вели дека неговиот период е завршен. Сегашниот тренер Луис Енрике се соочува со тешки мигови, откако Барселона загуби со убедливи 4-0 од ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, и јавноста веќе го бара неговиот наследник.

„Никогаш веќе нема да се вратам во Барселона како тренер. Мојот период таму е завршен. Барселона се уште е најдобрата екипа во светот. Се уште е големо изненадување кога ќе загубат, затоа што имаат одличен тим, но во фудбалот е се можно. Кога доминирате, луѓетоп очекуваат вие секогаш да го држите истото ниво. Тие доминираат цели 10 години, а мислам и дека ќе продолжат да бидат најдобри“, изјави Гвардиола.

Тој ја тренираше Барселона во периодот од 2008 до 2012 година, а потоа три години беше на клупата на Барселона, пред да се пресели на кормилото на Манчестер сити.

Се вчитува...