Гвардиола: Премиер-лигата најтешко се освојува

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека Премиер-лигата е најтешка. Тој има повеќе тренерски трофеи во Шпанија и во Германија, но смета дека конкуренцијата во Англија е наjсилна. Пеп со Сити е во обид да ја одбрани титулата и е во тесна трка со Ливерпул.

„Што се однесува до квалитетот на ривалите, дефинитивно во Англија е најтешко. Затоа пак е многу добро да се биде тука“ – вели Гвардиола.

Сити и  Ливерпул се во неверојатно израмнета битка за титулата, на бранителот на тронот му е потребно да победи вечерва против Лестер, но и против Брајтон следната недела за да го одбие нападот на тимот на Клоп. Во моментов Ливерпул има два бода повеќе од Сити и затоа на составот на Гвардиола му е неопходен триумф во мечот од 37.коло.

Се вчитува...