Гвардиола си најде нова жртва во Сити

Англиските медиуми пишуваат дека Кајл Вокер речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона бидејќи Пеп Гвардиола одлучил дека му треба некој помлад и подобар на десната бековска позиција.

Вокер во последно време ја доживува истата ситуација како Жоао Кансело, а постои можност Англичанецот да направи прилично неочекуван трансфер на лето.

Кансело неочекувано го напушти Манчестер Сити во самиот финиш на зимскиот преоден рок откако беше еден од најдобрите играчи на клубот. Сепак, по Светското првенство во Катар загуби минути на „Етихад“ и отворено му кажа на Гвардиола дека е незадоволен поради тоа.

На Гвардиола не му се допадна Кансело јавно да зборува за тоа, а на крајот сето тоа резултираше Португалецот да замине на позајмица во Баерн. Сепак, англиските медиуми пишуваат дека Кансело не е единствениот кој доживува ваква ситуација. Сега на негово место е искусниот Кајл Вокер, кој очигледно ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Сити.

Вокер има договор со Граѓаните до летото 2024 година, а се очекува Сити од неговата продажба да заработи околу 15 милиони евра. Најголем интерес за него покажал Милан кој на лето сака да доведе десен бек, а Вокер им е првата желба.

Се вчитува...