Гвардиола: Спијам како бебе и воопшто не сум нервозен пред клучниот меч

Дојде и тој ден, последното коло во Премиер-лигата во кое Манчестер Сити влегува со еден бод предност во однос на Ливерпул и се наоѓа во пол-позиција во трката за шампионската титула. „Граѓаните“ денеска му гостуваат на Брајтон, тим што го осигура премиерлигашкиот статус, и со победа ќе се задржат на тронот на фудбалска Англија, а Пеп Гвардиола не чувствува никаква нервоза во пресрет на овој меч.

„Воопшто не сум нервозен, во последните денови спијам како бебе. Мотивирани сме, цела Англија, цела Европа ќе гледа во нас. Нема битка за Топ 4, нема битка за опстанок, само ние и Ливерпул. Ќе одговориме на предизвикот, нема никаков сомнеж околу тоа. Ова е финиш на сезона од соништата и ние сме подготвени. Нема да имам посебни барања од фудбалерите, само ќе им кажам да излезат на терен и да играат како што тоа го прават во последните две години. Тоа ќе биде доволно да се стигне до титулата“ – истакна Гвардиола.

Доколку успее да стигне до титулата, Сити ќе стане првиот тим што го одбранил трофејот во Премиер-лигата откако тоа го стори Манчестер Јунајтед во 2009 година.

Се вчитува...