Гвардиола во Мадрид го пронајде наследникот на Фернандињо

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити води жестока битка со Ливерпул за шампионската титула во Премиер – лигата, но веќе размислува и за летниот преоден рок. Менаџерот Пеп Гвардиола ја бара замената за Бразилецот Фернандињо и се чини дека ја пронајде во Мадрид. Тој го посакува на „Етихад“ фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Родри.

Откако стана јасно дека „граѓаните“ ќе ја загубат трката за Френки де Јонг, раководството на клубот и менаџерот Гвардиола ги насочија погледите кон „Ванда Метрополитано“. Манчестер Сити е подготвен да ја плати отштетната клаузула за Родри која изнесува 70 милиони евра. За него е заинтересирана и Барселона која во Родри го гледа наследникот на Серхио Бускетс.

Се вчитува...