Гвардиола: Знам дека сите сакаат Ливерпул да биде шампион

Манчестер Сити успешно одговори и на претпоследниот предизвик, триумфирајќи над Лестер со 1-0 и влегувајќи во последното коло со предност од еден бод во однос на Ливерпул. Пеп Гвардиола еуфорично ја прослави победата, а на прес-конференцијата по мечот им се извини на сите оние кои сакаат неговиот тим да не успее во одбраната на титулата.

„Знам дека сите сакаат Ливерпуп да биде шампион. Затоа, жал ми е што ние им ги расипавме плановите, што се уште сме господари на нашата судбина. Ливерпул може да игра без притисок во последното коло, бидејќи нема да зависи само од себе“ – го пецна Гвардиола големиот ривал.

Ливерпул во последното коло, в недела во 16 часот, ќе мора да го совлада на домашен терен Вулверхемптон, но и да навива Брајтон да остане непоразен против Манчестер Сити, за тимот на Клоп да ги прескокне избраниците на Гвардиола на премиерлигашката табела.

Се вчитува...