Халанд е од друга планета: Хет-трик и во ФА Купот на Англија против Барнли

Манчестер Сити без проблеми се пласираше во полуфиналето од англискиот ФА Куп, славејќи со преубедливи 6-0 на дуелот со Барнли. Дарко Чурлинов не беше во составот на гостите на овој меч, кој ќе остане запаметен како уште еден дуел на кој Ерлинг Халанд како од шега стигна до хет-трик.

Она што е интересно, Барнли беше поопасен ривал во почетните дваесетина минути, тимот предводен од Компани одигра храбро на „Етихад“, но отворената формација беше казнета кога Халанд само за три минути постигна два брзи гола и донесе водство на „граѓаните“ од 2-0.

Норвешката гол-машина хет-трикот го комплетираше во 59. минута, натрчувајќи на одбиената топка откако Фоден го погоди дирекот. Гвардиола потоа го повлече Халанд од игра, а до крајот на мечот меѓу стрелците се запишаа и Алварез (два гола) и Палмер.

Се вчитува...