Халанд го замолкна „Олд Трафорд“, Јунајтед не знае ниту со играч повеќе

Манчестер сити славеше во градското дерби на „Олд Трафорд“ против Јунајтед со 0-1, резултат со кој „сините“ дополнително ја продлабочија кризата на големиот ривал.

„Црвените ѓаволи“ имаат за што да жалат, уште повеќе ако се знае дека околу 70 минути беа со фудбалер повеќе на теренот. Фил Фоден доби директен црвен картон од судијата Оливер откако беше испровоциран од Бруно Фернандеш, наседна и го удри португалскиот ас кој како покосен остана да лежи на теренот.

Очекувано, Јунајтед со играч повеќе имаше повеќе од поседот, домаќините и два пати го погодија дирекот од голот на Донарума, а казната стигна во 60. минута, кога Халанд се најде на вистинското место по центаршутот на Гвардиол и ја смести топката во мрежата.

Домаќините тргнаа на се или ништо, имаа уште еден зицер преку Мбуемо, но Донарума со маестрална интервенција ја сочува победата на својот тим.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...