Халанд: Освен давање голови, не знам ништо друго да правам во животот

Неверојатниот Ерлинг Халанд ја продолжи феноменалната серија – 14 меча во низа за Норвешка во кои најмалку по еднаш ги матирал противничките голмани.

Синоќешниот дуел беше специјален, Халанд со два гола го урна големиот Бразил, носејќи им на Норвежаните историски прв пласман во четвртфиналето од еден фудбалски мундијал.

„Мојот живот – тоа е давање голови. Да бидам искрен, не знам ништо друго да правам во животот, едноставно сум таков…“, еуфорично изјави норвешкиот ас по големата победа.

Тој трпеливо ја чекаше својата шанса, а кога тоа му се укажа, со два гола во последните петнаесетина минути ги матираше „кариоките“.

„Тајната е во тоа да се остане фокусиран и да се чека… кога ќе се укаже шансата, јас точно знам што треба да направам… Не застанувам, секогаш постои нов врв, повисок од претходниот. Останувам фокусиран и за следните предизвици, ќе дадам се од себе за репрезентацијата“, порача Ерлинг Халанд.

Се вчитува...