Халанд во петок треба да донесе одлука дали останува или заминува

Ерлинг Халанд во петок треба да ја донесе конечната одлука околу иднината во Борусија Дортмунд. Наводно „милионерите“ му поставиле ултиматум до петок да донесе одлука дали следната сезона ќе остане во таборот на Борусија, или ќе се реши да бара нова средина.

Самиот Халанд пред извесен период изјави дека не му е драго што клубот му врши „притисок“ и го тера да донесе брза одлука и дека сака само да се фокусира кон завршницата на сезоната. Но, од Борусија веројатно мислат поинаку, и наводно петок е последниот рок кој Норвежанецот треба да донесе одлука.

Прв фаворит за негово купување е Реал Мадрид, а тука е и Реал Мадрид. Барселона чека разврска. И „каталонците“ се едни од заинтересираните за норвешката гол машина.

Се вчитува...