Халеп сигурнo до осминафинале, Анисимова го доби „американскиот супер-дуел“ против Коко Гоф

Американката Аманда Анисимова се пласираше во осминафиналето на третиот гранд-слем во сезоната, Вимблдон откако денеска во феноменален натпревар во 3. коло славеше над сонародничката Коко Гоф со 2-1, по сетови 6-7, 6-2 и 6-1.

Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и поранешната шампионка, Симона Халеп која славеше со максимални 2-0 (6-4 и 6-1) против Полјачката Магдалена Фрех. Кај дамите пласман понатаму обезбедија и: Алја Томљановиќ од Австралија и Хармони Тан од Франција.

Кај мажите во осминафиналето се пласираа: Фриц, Накашима, Де Минаур, Ван де Зандшулп, Кублер и Гарин.

Се вчитува...