Хамбарџумјан: Македонија е квалитетна селекција, нека победи подобриот тим

Хофханес Хамбарџумјан беше дел од Вардар во изминатиот период, а сега повторно се врати во Македонија, но како дел од селекцијата на Ерменија, во пресрет на утрешниот меч од Лигата на нации. Тој ги знае добрите и лошите страни на македонските репрезентативци и потенцира дека нема да и биде лесно на неговата селекција на „Филип Втори“.

„Македонија е квалитетна селекција, верувам дека и двете репрезебтации ќе прикажат добра игра на утрешниот натпревар, а нека победи подобриот. Ќе треба да го дадеме максимумот, и веруваме во успех. Знам дел од добрите и лошите страни на македонските фудбалери, играв овде во Македонија подолг период, и можеби ќе откријам некои тајни пред почетокот на мечот“, изјави Хамбарџумјан.

Ерменија го совлада Лихтенштајн со 2-1 на домашен терен на првиот меч во групата, а меѓусебните пресметки со Македонија би требале да бидат и решавачки за освојување на првото место.

Се вчитува...